Просечен годишен реален раст на економијата од 6 проценти, при што вредноста на БДП да достигне 13 милијарди евра, а по глава на жител 6.000 евра. Бруто инвестициите просечно годишно да растат од 9 отсто со нивно учество во БДП од 35 отсто, како и просечен раст на извозот од 14 отсто и учество во БДП-то од 64 отсто. Ова не се апстрактни бројки, туку се дел од проекцијата на Стопанската комора на Македонија за тоа како Македонија и нејзиното стопанство треба да бидат во 2022-та година кога Комората ќе слави 100-годишнина од своето постоење. Оптимистичките бројки ги презентираше Бранко Азески, претседател на СКМ при вчерашното одбележување на 90 години од коморското работење. За следните десет години да бидат реализирани и нови 100 илјади работни места, при што стапката на вработеност да достигне 46 отсто.
Просечен годишен реален раст на економијата од 6 проценти, при што вредноста на БДП да достигне 13 милијарди евра, а по глава на жител 6.000 евра.
Бруто инвестициите просечно годишно да растат од 9 отсто со нивно учество во БДП од 35 отсто, како и просечен раст на извозот од 14 отсто и учество во БДП-то од 64 отсто. Ова не се апстрактни бројки, туку се дел од проекцијата на Стопанската комора на Македонија за тоа како Македонија и нејзиното стопанство треба да бидат во 2022-та година кога Комората ќе слави 100-годишнина од своето постоење. Оптимистичките бројки ги презентираше Бранко Азески, претседател на СКМ при вчерашното одбележување на 90 години од коморското работење.
- За следните десет години да бидат реализирани и нови 100 илјади работни места, при што стапката на вработеност да достигне 46 отсто. Земјава да има современа железничка пруга до Солун, како и железничко поврзување со Бугарија и Албанија, но и модерен автопат до Гевгелија, Штип и Охрид - очекува Азески. Тој смета дека на државата и е потребна целосна гасификација и намалена енергетска зависност од минимум 30 проценти. Според него, за ваква Македонија размислуваат сите компании-членки на СКМ, планирајќи да го зголемат и извозот и производството.
Азески потсети дека во Комората се вклучени сите компании од енергетскиот сектор, рударство, металургија и банкарство, како и најголемите металопреработувачки, градежни, земјоделско-прехранбени, текстилни, хемиски компании кои сите заедно создаваат 80 отсто од бруто додадената вредност во стопанството и 95 отсто од вкупниот извоз, како и 90 отсто од годишните даночни приходи од стопанството.
За вицепремиерот Владимир Пешевски овие бројки и стапки на раст се реални во услови кога нема светска криза. Но, во овој период кога Европа е во криза и во рецесија, за Македонија е императив да се задржи стабилноста на економијата, но притоа да не се заборават и инвестициите.
- Стапка на раст од 6 проценти во следните десет години во случај на нормален раст на европската економија од 2 до 3 проценти за Македонија би било сосема остварливо, тоа не е недостапно за нашата држава со политиките што Владата ги спроведува. За жал, годинава ваква стапка не е реално да се очекува иако македонската економија е во состојба да расте двојно повеќе од она што е просек на европската економија - објаснува Пешевски и потенцира дека на македонското стопанството годинава му следува еден тежок период.
Антони Пешев, претседател на Собранието на Стопанската комора, укажа дека не чека тешка година, но предупредувањата за стопанството се повеќе наменети за следната година.
- Согледувањата во Комората се дека најтешката година ќе биде по 2012 во која ќе бидат искористени последните атоми на резервите кои компаниите ги чуваат - тврди Пешев и додава дека македонската економија има ниско ниво на резерви и затоа 2013 година ќе биде потешка. Според него, ќе бидеме задоволни ако стапката на раст биде над нула, бидејќи ќе влеземе во елитното друштво на европските држави кои имаат позитивен раст.
На одбележувањето на јубилејот беше присутен претседателот на Асоцијацијата на европски комори за трговија и индустрија (ЕУРОЧЕМБЕРС), Аласандро Барберис кој порача бизнис-заедницата да ја зајакне својата улога во придвижувањето на Македонија кон ЕУ.
Комората вчера ги награди компаниите-членки на Комората кои бележат успех во коморското работење (Европа, Пивара, ЕЛЕМ, Благој Ѓорев, Алкалоид...), менаџери, претседатели на коморски здруженија и новинари.